Евангелие

From Wikipedia, the free encyclopedia

Евангелие
Remove ads

Евангелие (од грчки: ευαγγελιον, арапски: إنجيل - добра, радосна вест) — името на четири библиски книги од Новиот завет, напишани од учениците на Исус Христос или од нивни ученици, кои го ширеле христијанството во тоа време. Во евангелијата се содржат разкази за животот и учењето на Исус Христос: неговото раѓање, живот, дејност, неговата смрт на крстот и воскресението. Евангелието всушност претставува објава која се однесува на Исус Христос и неговата улога како спасител на човечкиот род[1]. Во поширока смисла на зборот се подразбира целиот Нов завет.

Thumb
Најстарото зачувано парче од евангелие (Јован, II век)
Thumb
Поврзаноста на синоптичките евангелија.

Како време на составување на евангелијата се посочува втората половина на 1 век по Христос. Тие се напишани од апостолите Матеј, Марко, Лука и Јован, познати и како евангелисти (четрите евангелисти). Четирите евангелија се дополнуваат заемно и го распространуваат житието на Исус Христос.

Освен четирите канонични евангелија, постојат и околу педесет апокрифни евангелија, кои не се вклучени во црковниот канон. Во 9 век евангелијата биле преведени од грчки на старословенски јазик.

Remove ads

Еваглието како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Евангелие по мојот татко“ - расказ на српскиот писател Давид Албахари.[2]
  • Евангелистка“ - роман на францускиот писател Алфонс Доде од 1883 година.[3]
  • „Претпотопско евангелие“ - песна на рускиот поет Константин Кедров.[4]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads