Евенки

From Wikipedia, the free encyclopedia

Евенки
Remove ads

 Евенки (претходно име:Тунгузи) се тунгуско-манџуриски народ, кој претежно живее во Кина и Русија. Евенките се претежно со православна вероисповест, но ги зачувале и традиционалните верувања (анимизам, шаманизам). Го зборуваат евенскиот јазик, кој припаѓа на тунгузиско-манџурското семејство на јазици, кое е дел од хипотетичкото алтајското макросемејство на јазици .

Thumb
Семејство на Евенки, почеток на 20-ти век

Ги има околу 69.000 вкупно, од кои 30.875 се во Кина, 37.843 во Русија и 537 во Монголија .

Remove ads

Население

Thumb
Територија на Eвенки во Русија

Во Русија живеат 37.843 Евенки (според рускиот попис од 2010 година), [1] и 30.875 во Кина (според кинескиот попис од 2010 година).[2] Тие се наоѓаат и во Монголија каде се познати како Хамниган, според монголскиот попис од 2015 година имало 537 од нив [3]

Во Русија, Евенките сочинуваат значителен дел од населението на поранешниот автономен округ Евенкија (Тунгузија), каде според пописот од 2002 год. сочинувале 22% од населението и претставувале втора по големина нација, по Русите (62%). Сепак, само мал дел од Евенките живеат во оваа област, 3.802 од 35.527 според рускиот попис од 2002 година. Автономијата на овој округ била укината во 2007 година, кога станала една од административните области на регионот Краснојарск.

Remove ads

Јазик

Тие зборуваат евенски јазик (порано наречен тунгуски), кој припаѓа на тунгузиско-манџурското семејство на јазици. На територијата на Русија се користат три дијалекти: северен, јужен и источен.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads