Евровизија 2023

From Wikipedia, the free encyclopedia

Евровизија 2023
Remove ads

Евровизија 2023 ќе биде 67 издание на фестивалот Евровизија. Ќе биде организирано од Европската Радиодифузија и планирано е да биде составено од две полуфиналиња и едно финале во мај 2023 година.

Thumb
Арена Ливерпул – место каде се одржал настанот.
Кратки факти Датум, Број на земји ...
Remove ads

Локација

На 2022 издание на Евровизија победник беше Украина и традиционално ќе биде поканета да биде домаќин на овогодинешното издание на евровизија, како што и претходно беше во 2005 и 2017 година. Во екот на Руската инвазија врз Украина, беше шпекулирано дека алтернативно, држава која е дел од „Големата петка“, составена од Франција, Германија, Италија, третопласираната Шпанија и второпласираната Велика Британија, можеби би биле поканети да бидат домаќини на Евровизија 2023 година.

Ако фестивалот биде одржан надвор од Украина, тоа би било прв пат после 1980 година, кога Евровизија не би била одржана во земјата која победила минатата година.

Неофицијално, украинскиот претседател Влодомир Зеленски изјави дека се надева дека овогодинешното издание ќе биде одржано во Мариупол.

Следните држави покажаа интерес да бидат домаќини, во случај Украина да не е во можност:

  • Италија - на 15 мај 2022, директорот на Раи 1 изјави дека доколку Украина нема да е во можност да биде домаќин, РАИ би била заинтересирана за да ги преземе обврските за одржување на Евровизија во градот Турин.
  • Холандија - еден од организаторите на Евровизија 2021 изјави дека исто така Холандија би можела да биде домаќин на овогодинешното издание на Евровизија.
  • Полска - полската национална телевизија изјави дека би се нафатиле да бидат домаќини, доколку тоа од нив било побарано.
  • Шпанија - РТВЕ изјави дека ако Украина не е во можност да ја организира Евровозија, би биле подготвени истата да се одржи во Шпанија, во еден од градовите како на пример Мадрид, Барселона, Валенсија, Лас Палмас де Гран Канариа, Мерида итн.
  • Шведска - исто така Шведска објави дека би биле заинтересирани во случај да Украина не е во можност.
  • Велика Британија - национална телевизија изјави дека би се нафатиле да бидат домаќини, доколку тоа од нив било побарано.
Remove ads

Листа на држави кои го потврдиле своето учество

До 15 мај 2022, следните 10 држави го потврдија своето учество за овогодинешната Евровизија:

Други држави

Право на учество имаат сите членки на Европската радиодифузија која во догледно време ќе испрати покана до сите педесет и шест членки.

Активни членки на ЕРД

Следните држави учествуваат на Евровизија 2018, со што се очекува да учествуваат и на ова издание на Евровизија.

Други држави

Забелешки и наводи

Надворешни страници

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads