Еврократ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Еврократ[1] (стопеница од зборовите Европа и бирократ) — „службено лице на управната комисија на Европската Унија“[2][3] или пошироко, кој било службеник на Европската Унија. Поимот го сковал Ричард Мејн, новинар и личен асистент на првиот претседател на Комисијата, Валтер Халштајн, во 1961 година.[2][4]
Постојат три главни вида еврократи. Првите се политички назначени лица, како што се европските комесари или членовите на Европскиот парламент. Вторите се службеници, т.е. постојан персонал, кои го сочинуваат мнозинството од европските институции. Постојат две категории службеници: асистенти и администратори. Првите извршуваат „секретарски“ работи, додека други имаат повеќе политички или управни одговорности. Третата категорија се договорни застапници. Тие немаат договор за вработување со исти услови како службениците. Нивниот почетен договор за вработување е временски ограничен и само по неколку обновувања овој договор може трајно да се обнови. Еврократите генерално доаѓаат од сите земји членки на Европската Унија. Главното тело кое избира персонал за вработување во европските институции е EPSO.
Денес, поимот „еврократ“ ги опфаќа вработените во сите институции на ЕУ, а не само вработените во Европската комисија.
Иако поимот може да има негативни конотации за некои, стручњаците за Европската Унија и нејзините институции Дидие Георгакакакис и Џеј Роуел го користат концептот на еврократија[5] како начин за опишување и анализа на интеракциите меѓу актерите и стручњаците на ЕУ.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads