Источна Тракија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Источна Тракија (турски: Doğu Trakya) или Турска Тракија е источниот дел на историско-географската област Тракија, а денес е делот на Турција на европскиот континент. Овој регион почесто е наречен и Европска Турција и во овој регион се вклучени поголемите центри како што се Истанбул, Одрин, Чорлу или Лилебургаз.

Географија
Источна Тракија зазема 12 проценти од вкупното население на државата и има 23 764 км2 односно 3 проценти од вкупната територија на Турција. Источна Тракија од остатокот на Турција е поделен по природен пат, односно почувајќи од север со Босфор преку Мрамрното Море и завршувајќи со Дарданели и Средоземното Море на југ. На запад Источна Тракија се граничи со Грција, а на север со Бугарија.[1] Најголем број од населението на Источна Тракија се Турци.
Remove ads
Историја
Источна Тракија во ремките на Отоманското Царство била дел од Одринскиот вилает. Вилаетот бил населен воглавно од турско и грчко население, но имало и одреден број бугарско и македонско население[2] По Балканските војни, христијанското население од Одринско било прогонето од страна на турските власти[3], и денес регионот е претежно населен со турско население.
Remove ads
Наводи
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads