Едификатор

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Едификатори (од латински: подредувачи) се видови на растенија со силно изразено влијание врз процесот на образување на животната средина. Тие учествуваат во изградбата на структурата на средината, а во извесна мерка и на составот на растителните заедници — фитоценози. На пример, една елка во елова шума, која образува густа корона, задржува и до 50% од врнежите и пропушта мало количество на светлина. Во врска со ова, во густата елова шума владее полумрак, што условува во неа да се развиваат темнољубиви растенија. Под короните на елите се забележува зголемена количина на водна пареа и јаглеродна киселина, а исто така и флуктуации на температурата — нејзино намалување во текот на денот и зголемување во текот на ноќта (за разлика од соседните оголени места). Ова се одразува на средната годишна температура во тој екосистем.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads