Езопови басни

From Wikipedia, the free encyclopedia

Езопови басни
Remove ads

Езопови басни или „Езопики“ — збирка басни припишани на Езоп (620560 п.н.е.), роб и раскажувач од Стара Грција. Во овие кратки басни животните се персонификација на луѓето, со нивните најразлични карактери и ситуациите во кои се наоѓаат. Тие се доста популарни заради нивната поучна содржина за децата до ден денес. Многу од овие приказни како „Лисицата и грозјето“, „Желката и зајакот“, „Северецот и сонцето“ и „Овчарчето и волкот“, се добро познати ширум светот.

Thumb
Aesopus moralisatus, 1485
Thumb
Желката и зајакот“, илустрирал Мајло Винтер во Езопова антологија од 1919

Покрај тоа што се доказ за големината и разновидноста на хеленскиот дух, Езоповите басни се ран доказ за положбата на писателот и на книжевниот говор во однос кон општеството. Благодарејќи на тоа што човековите маани ги опишува посредно, преку однесувањето на животните и што непријатната вистина ја искажува низ наивна приказна, басната им дозволувала на писателите голема уметничка слобода. Езоп ги создавал басните за да ги поучи луѓето и да ги направи подобри, но покрај нивната педагошка намена, тие имаат и голема уметничка вредност, зашто се одликуваат со свежина, хумор, бистрина и правичност.[1]

Remove ads

Басни

Некои од најпознатите Езопови басни се:

  • Волкот во јагнешко руво
  • Гавранот и бардакот
  • Градскиот и селскиот глушец
  • Гуската што несела златни јајца
  • Жабата и волот
  • Жабите што сакале крал
  • Желката и зајакот
  • Лавот и глушецот
  • Лисицата и грозјето
  • Мачката и глувците
  • Мравката и скакулецот
  • Овчарчето и волкот
  • Пакосниот пес
  • Песот и коската
  • Песот во јасли
  • Северецот и сонцето
  • Селанецот и штркот
  • Селанецот и змијата
  • Скорпијата и жабата
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads