Екваторска клима

вид тропска клима From Wikipedia, the free encyclopedia

Екваторска клима
Remove ads

Екваторска клима или влажна тропска клима — вид на тропска клима присутна во појаси од 10. до 15. напоредник од екваторот. Се одликува со висока средна годишна температура, мали температурни разлики и дождови во текот на целата година. Подрачјата со оваа клима обично ја носат ознаката Af според Кепеновата класификација на климата. Екваторската клима типично е врела, многу влажна и дождлива.

Thumb
Подрачја во светот со екваторска клима (Af).
Remove ads

Опис

Thumb
Типична тропска шума во Борнео.

Тропските дождовни шуми имаат вид на тропска клима каде не постои сува сезона — сите месеци имаат просечни врнежи од барем 60 мм. Деновите се климатски слични еден на друг, а температурната промена помеѓу денот и ноќта може да е поголема од просечната температурна промена во текот на годината.[1]

Екваторски клими и тропски пасатни клими

Кога во екваторските клими повеќе преовладува меѓутропската конвергентна зона (ITCZ) отколку пасатите (без циклони или ретко), тие се нарекуваат екваторски клими во потесна смисла. Кога случајот е обратен, тогаш го носат името тропски пасатни клими. Во чистите екваторски клими, атмосферскиот притосок е низок и речиси постојан. Оттука, ветриштата се ретки и обично слаби (со исклучок на слаби развигори по крајбрежјето), додека кај тропските пасатни клими, кои се поддалечени од екваторот, ветрот е речиси постојан и имаат посиромашни дождовни шуми.[2][3]

Remove ads

Градови со екваторска клима

Наводи

  1. McKnight, Tom L; Hess, Darrel (2000). „Climate Zones and Types“. Physical Geography: A Landscape Appreciation. Upper Saddle River, NJ: Prentice Hall. стр. 205–8. ISBN 978-0-13-020263-5.
  2. Climatologie Pierre Estienne Alain Godard, pages 309 and 316
  3. Seidel, Dian J.; Fu, Qiang; Randel, William J.; Reichler, Thomas J. (January 2008). „Widening of the tropical belt in a changing climate“. Nature Geoscience. 1 (1): 21–24. Bibcode:2008NatGe...1...21S. doi:10.1038/ngeo.2007.38. ISSN 1752-0908.
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads