Екстремова Ледена Плоча

From Wikipedia, the free encyclopedia

Екстремова Ледена Плоча
Remove ads

Екстремова Ледена Плоча (норвешки: Ekströmisen, англиски: Ekström Ice Shelf) — ледена плоча на Антарктикот помеѓу сртовите Серосен и Халвфариген на Брегот на Принцезата Марта во Земјата на Кралицата Мод.

Thumb
ЕЛГ
Местоположба на плочата
Thumb
Работ на Екстремовата Ледена Плоча

За првпат е искартирана од Норвешко-британско-шведската антарктичка експедиција (1949–1952). Наречен по машинскиот инженер Бертил Екстрем кој се удавил кога неговиот гасеничар паднал во морето од Кваровата Ледена Плоча на 24 февруари 1951 г.[1]

Плочата зафаќа површина од 8.700 км2. Работ има дебелина од 160 м и се издига 15 м над морското ниво. Североисточно на заливот Атка се наоѓа германската поларна станица „Нојмајер III“.

Remove ads

Поврзано

Извори

 Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Екстремова Ледена Плоча“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads