Еланд

From Wikipedia, the free encyclopedia

Еланд
Remove ads

Еланд (швед. Öland) е втор по големина остров во Шведска и најмалата традиционална покраина во земјата. Зафаќа површина од 1.342 км2 и е сместен во Балтичкото Море, недалеку од крајбрежјето на Смоланд. Населението брои 25.000 жители,[1] но во 500.000 посетители за време на летната долгодневица. Од копното е одвоен со Калмарскиот Проток, преку кој се протега Еландскиот мост, изграден во 1972.

Кратки факти Географија, Место ...
Thumb
Гетлинге
Thumb
Хумревет, северен Еланд
Thumb
Грбот на Еланд
Remove ads

Управа

Традиционалните покраини во Шведска немаат административна или политичка улога, туку постојат само како културно-историски целини. Еланд влегува во управниот округ Калмар (Kalmar län), а самиот се дели на две општини: Боргхолм and Мербилонга.

Историја

Археолошките наоди укажуваат дека островот бил населен во 8000 п.н.е.. Ископините од старо камено време сведочат за присуството на ловци-собирачи.[2] Во раното камено време, доселениците преминале на островот преку леден мост што го поврзувал со копното преку Калмарскиот Проток.

Остатоците од живеалишта датираат од 6000 п.н.е., и тоа во неолитските населби Алби и други места низ островот. Кај Гетлинге, Хултерстад и други места се среќаваат гробишта што датираат од железното, па сè до викиншкото време поставени околу периметарот на местото, вклучувајќи камени бродови.

На островот се пронајдени деветнаесет кружни утврдувања („ратови“) од железното време, од кои само едно (кај Екеторп) е целосно ископано. Тврдината има дадено над 24.000 артефакти.

Населението на Еланд го споменува римскиот историчар Такит во 98 г. и тоа под името „Авиони“ (Aviones):

По Лангобардите доаѓаат Ревдигните, Авионите, Англите, Варните, Евдосите, Сварините и Нујтоните, сите добро заштитени од реки и шуми. Овие племиња не се значајни по ништо особено, освен по тоа што сите ја почитуваат Нерта (Божицата Мајка). Веруваат дека таа се интересира за животите на луѓето и дека е присутна меѓу нив. На остров во морето има света корија во која чека света кола покриена со прекривка.[3]

Во текот на историјата, Еланд долго служел како кралско ловиште, особено местата Отенби и Халторп во средниот век.

Remove ads

Географија

Еланд е втор остров по големина во Шведска и во минатото се делел на градови со повелба и пет стотини.

Населени места

  • Алби
  • Блесинге
  • Боргхолм
  • Гетлинге
  • Гордби
  • Ериксере
  • Мербилонга
  • Нора меклеби
  • Отенби
  • Себи
  • Сегерстад
  • Седра Сандби
  • Стеноса
  • Ферјестаден
  • Хултерстад
  • Шепингсвик

Факти

  • Највисока точка: ридот Хегсрум (55 м)
  • Најголемо езеро: Хорнсхен [4]
  • Должина: 137 км
  • Ширина: 16 км (најширок дел)

Знаменитости

Покрај археолошките наоѓалишта, позначајни историски места се Боргхолмскиот замок, изграден 1669-1681 од архитектот Никодемус Тесин Постариот за кралицата Хедвига Елеонора. Во близината се наоѓа и дворецот Солиден, кој е летниковец на кралското семејство.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads