Електрични појави

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Електрични појавифизички појави кои се јавуваат поради законитостите на електрицитетот, и можат да се сфатат како нивни последици.

Овие појави се дел од електромагнетните појави, иако ваквото сфаќање е прилично произволно.

Појави

Еве некои примери за електрични појави:

  • Бифелд–Браунов ефект ефектот попознат како „електрохидродинамика“ (ЕХД), пандан на попознатата магнетохидродинамика.
  • Еднонасочна струја постојаниот тек на електрична струја низ проводник како жица од висок на низок напон.
  • Електрична спроводливост движењето на електрично наполнети честички низ некоја средина.
  • Електролуминисценција појавата кога еден материјал зрачи светлина како последица од минувањето на електрична струја (или силно магнетно поле) низ тој материјал.
  • Земна струја електрична струја со крајно мала честота (честота) што природно се јавува во големи подземни подрачја на или близу површината на Земјата.
  • Индуктивност појавата кај едно коло каде енергијата е складирана во облик на електромагнетно поле.
  • Искрење електричен слом на една средина (материјал) кој предизвикува постојано плазмено празнење, слично на моментната искра што се јавува при струен тек низ неспроводливи средини како воздух.
  • Молња електростатичко празнење што се јавува при грмотевична бура. Наглото електрично празнење на молњата е придружено со светлосно израчување.
  • Светлосна спроводливост појавата каде еден материјал станува попроводлив благодарение на впивањето на електромагнетно зрачење како видливата светлина, ултравиолетовата светлина, и гама-зрачењето.
  • Статички електрицитет класа на појави што се однесуваат на неурамнотежен полнеж во еден предмет, обично полнеж со доволно голем напон за да предизвика видливо привлекување (на пр. статичното), одбивање и искри.
  • Струен удар физиолошка реакција на еден организам при минувањето на електрична струја низ телото.
  • Термоелектричен ефект Зебеков ефект, Пелтијеов ефект и Томсонов ефект
  • Трибоелектричен ефект вид на контактна електрификација каде предметите стануваат електрично наполнети кога ќе се допрат и ќе се одделат.
  • Пиезоелектричен ефект способноста на извесни кристали да создаваат напон кога се механички напрегнати.
  • Пироелектричен ефект создадениот потенцијал на извесни материјали при нивно загревање.
  • Фотоелектричен ефект израчување на електрони од една површина (обично метална) при нејзина изложеност или впивање на електромагнетно зрачење (како видлива светлина или ултравиолетово зрачење).
  • Фероелектричен ефект појавата каде кај извесни јонски кристали се јавува спонтан диполен момент.
Remove ads

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads