Електротехнички факултет - Радовиш
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип е сместен во Радовиш и е единствен таков факултет во регионот на Источна Македонија.
Историјат
Факултетот е сместен во реновиран и модерно опремен објект со сета потребна инфраструктура – предавални, лаборатории за експериментални и практични вежби, компјутерска лабораторија, библиотека со читалница, конференциска сала, книжарница, студентски клуб. Во стратегискиот план за развој на Факултетот е планирано изградување на технолошко јадро за поддршка на малите и средните бизниси и развивање на нови лаборатории за научноистражувачката работа на Факултетот.[1]
Основна мисија на Електротехничкиот факултет при реализација на првиот циклус на студии е студентите да добијат солидно високо образование по електротехника, со што стануваат квалификувани во национални и во меѓуна¬родни рамки, успешни во избраната професија и подготвени за понатамошно образование во вториот и третиот циклус на студии.
Remove ads
Организација и структура
Функцијата декан на Електротехничкиот факултет ја врши проф. д-р Татјана Атанасова Пачемска, додека продекан на Факултетот е проф. д-р Василија Шарац. Работата на Електротехничкиот факултетот е организирана во три катедри: Катедра за индустриска електроника и автоматика, Катедра за електрични мерења и стандарди и Катедра за индустриски процесни компјутери. Студентот за време на студиите има можност да се вклучи во научноистражувачка работа, преку изработка на проектна задача или семинарски труд по разни предмети и со изработка на дипломски труд. Факултетот ги поддржува студентите на разни начини, при организирање на настани (студентски конференции и други манифестации) и при вмрежување за размена и подвижност со други високообразовни институции од земјава и во светот.
Студиските програмисе организирани во:
- Прв циклус на студии Архивирано на 13 јуни 2013 г.
- Втор циклус на студии Архивирано на 20 август 2013 г.
Носител на студиите е Електротехничкиот факултетот, а реализатор на студиите се катедрите кои се составен дел на Електротехничкиот факултетот, а тоа се[2]:
- Катедра за Електротехника и електромашинство
- Катедра за Автоматизација, регулација и управување со технолошки процеси
- Катедра за Електроника
- Катедра за Електроенергетика
- Катедра за Tелекомуникациско инжинерство
Remove ads
Прв циклус на студии
Електротехничкиот факултет им обезбедува на студентите развој на технички вештини, како и проучување на фундаментални и применети знаења од областа на електротехниката, посебно за разбирање на новите технологии и придонесување во идниот развој на професијата дипломиран електроинженер. Електротехничкиот факултет обезбедува развој на вештини за критичко и проблемско размислување, како и развој на говорни и писмени комуникациски вештини важни на проектното и тимско работење во професијата. Во првиот циклус на студии на Електротехничкиот факултет се изучуваат следниве студиски програми[3]:
- Системи за автоматско управување
- Обновливи извори на енергија
Втор циклус на студии
Во вториот циклус на студии на Електротехничкиот факултет се изучува следнава студиска програми[4]:
- Автоматизација и процеси
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads