Посреднички елемент

From Wikipedia, the free encyclopedia

Посреднички елемент
Remove ads

Кај програмирањето, елемент (наречен и виџет од англ. widget, од „window gadget[1]) — елемент на графички кориснички посредник (ГКП или GUI) кој прикажува информации чиј распоред корисникот може да го прилагодува според своите желби и потреби, како да речеме прозорец или поле за текст. Посредничките елементи се карактеристични по тоа што овозможуваат едно единствено место за содејствување и непосредно манипулирање со даден вид податоци. Со други зборови, посредничките елементи се основни визуелни кои, заедно со програмот, ги содржат сите податоци што програмот ги обработува и сите достапни начини на работа со тие податоци.

Thumb
Разни посреднички елементи

Истражувањата на Истражниот центар во Паоло Алто (Palo Alto Research Center Inc.) вродило плоден материјал за изработка некои општи посреднички елементи за сметачот „Ксерокс Алто“ (Xerox Alto) од 1973 г. Разни наменски преработки на овие општи елементи честопати се пакуваат заедно во т.н. прибори за елементи, со чија помош програмерите создаваат графички кориснички посредници (ГКП). Највеќето оперативни системи нудат прилагодливи елементи кои програмерот треба да ги вметне во програмот, укажувајќи на очекуваните постапки и намена. Кај објектно-ориентираното програмирање (ООП) секој вид вакви елементи се утврдува како класа. Затоа многу елементи се изведени како наследство од класите.

Сроден (но поразличен) поим е програмски кориснички елемент, кој може да се најде на работната површина на сметачот. Ова е мал специјализиран посреднички програм што дава извесни визуелни информации и/или лесен пристап до често користени функции како часовник, календар, новински агрегати, калкулатор и лепенки за белешки. Ваквите елементи работат на основа на програм за кориснички елементи (англ. widget engine).

Remove ads

Список на чести општи елементи

  • Избор и приказ на збирови
    • Копче
      • Штикларник
      • Радио-копче
    • Лизгач
    • Списочник
    • Бројченик
    • Паѓачки список
    • Мени
      • Контекстно мени
      • Кружно мени
    • Мени-лента
    • Алатник
    • Повеќеалатна лента
    • Мешана кутија (поле за текст со придружно мени или списочник)
    • Икона
    • Разгранет преглед
    • Мрежест преглед
  • Навигавија
    • Јазиче
    • Лизгачка лента
  • Текстуален внос
    • Поле за текст (поле за уредување)
    • Мешана кутија (поле за текст со придружно мени)
  • Изводни
    • Натпис
    • Инфобалонче
    • Статусник
    • Лента за напредок
    • Инфолента
  • Содржатели
    • Прозорец
      • Модален прозорец
      • Поле за дијалог
      • Палетен прозорец
Remove ads

Поврзано

  • Програм за кориснички елементи
  • Прибор за посреднички елементи за на програмските посредници за елементи
  • Метаелементи

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads