Елена Тројанска

ќерка на Зевс From Wikipedia, the free encyclopedia

Елена Тројанска
Remove ads

Елена Тројанска (старогрчки: Ἑλένη = „Месечина“) — лик од старогрчката митологија, позната како најубавата жена на своето време. Таа била ќерка на Зевс и Леда (по една верзија) или на Тиндареј и Леда (по друга верзија), сопруга на спартанскиот крал Менелај и сестра на Клитеменстра.[1] [2]

Thumb
Елена Тројанска

Митот за Елена

Thumb
Статуа на Елена Тројанска

Како најубава жена на своето време, Елена ја барале за жена многу грчки владетели и воени чиновници. Таа за свој сопатник го избрала Менелај, кој станал крал на Спарта, а нејзиниот татко, по советот на Одисеј, побарал од оние кои таа ги одбила да дадат свечена заклетва дека ќе ги бранат Елена и Менелај од сите непријатели.[3] Со Менелај имала едно дете — ќерката Хермиона, и живеела неколку години со него во Спарта.[4] Меѓутоа, кога тројанскиот принц Парис го посетил Менелај во Спарта, тој успеал да ја заведе Елена и ја зел со себе во Троја. Поради тоа, Ахајците предводени од Агамемнон, тргнале во воен поход кон Троја, со цел да ја вратат Елена и да го одбранат правото на Менелај, со што официјално започнала Тројанската војна која траела 10 години.

Remove ads

Наводи

Loading content...
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads