Елески Дупки

понорни пештери кај Елес, Драмско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Елески Дупки
Remove ads

Елески или Елешки Дупки (познати и како Понорје) — понори во Драмско, Егејска Македонија.

Кратки факти Елески Дупки, Место ...
Remove ads

Опис

Пештерите се наоѓаат во јужниот дел на Елеската Котлина, во пределот каде водите на Пештерник (или Црвеница[1]), Долнобродска и Зрновска Река понираат под северната страна на Штудер, кај с. Елес.[2] Нивниот спој образува неколку подземни реки. Тие минуваат под сртот на планината, течејќи од нејзината јужна страна сѐ до Драмско Поле, каде истекуваат од пештерата Маара (од тур. mağara) кај Нов Калапот, поточно поранешното село Буџак. Од неа извира реката Панега, десна притока на Драматица, иако грчките географи ги сметаат обратно.

На 2 јуни 1891 г., Васил К’нчов ги посетил понорите, за кои забележал:

Водата беше доста голема. Стрмно се спушта кон подземниот отвор. Коритото е доста длабоко. Грамадни варовнички камења стојат тркалани по речното корито. Една стрмна карпа, висока до 50 м и исто толку широка, стои, како да е исечена со нож, веднаш над отворот. На нејзиниот долен крај се наоѓа отворот на триаголна пукнатина висока околу 5 м. Се отвора речиси вертикално. Водата навлегува во неа од висина од два метри со грозен шум. Долниот дел од дупката е покриен со пенеста вода, која кога се собира повеќе, исчезнува во длабочините. Дното не може да се види.

Велат дека кога водата ќе пресуши, може да се оди до 50 метри длабоко под карпата, а потоа не може да се оди подалеку, бидејќи коритото на водата се стеснува и се разгранува. Кога доаѓа многу вода, дупката не може да ја проголта целата и голем дел од полето се претвора во езеро.

Само тука водата не се губи. Има уште еден отвор, малку појужно од првиот. Таму е скриен мал дел од реката. Дупката е многу тесна.[3]

Remove ads

Поврзано

  • Маара

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads