Елизабета Дончевска - Лушин

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Елизабета Дончевска - Лушин (р. 1967, Струмица) — македонска писателка и педагог.[1]

Кратки факти Елизабета Дончевска - Лушин, Роден/а ...

Биографија

Елизабета е родена во 1967 година во Струмица. Основно и средно образование завршила во својот роден град, а Физолофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во најголемиот дел од својата професионална кариера работи како училишен педагог.

Во 2005 го издала својот прв роман „Зад виножитото“ кој како дебитанско дело истата таа година влегла во најтесниот круг за избор на роман на годината. Со расказот „Урбана игра“ е застапена во збирката раскази (раскази од женски автори) „Паралелен живот“. Учествувала на повеќе конкурси во државата и е носител на повеќе награди. Има издадено и неколку стручни трудови кои ја обработуваат темата образование и педагогија.

За делото „Невидливи облици“ е носител на Признание за афирмација на македонскиот јазик и литература од издавачот Нов Вавилон, Битола.

Живее и работи во Струмица.

Remove ads

Дела

  • „Зад виножитото“ (2005)
  • „Невидливи облици“ (2019)

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads