Елија Софија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Елија Софија
Remove ads

Елија Софија (ц. 530 - ц. 601) била царица и сопруга на Јустин II од 565 до 578. Таа била особено заинтересирана за економските прашања и била вклучена во финансиските прашања за време на владеењето на Јустин. За време на неговите напади на лудило, таа дејствувала како регент.

Кратки факти Софија, Роден(а) ...
Thumb
Византиска монета од 572 н.е

Според Црковна Историја од Џон Ефески, Софија била внука на Теодора,[1] царица и сопруга на Јустинијан I.

Remove ads

Царица консорт

Корип честопати го преведувал нејзиното име "Софија" на латинскиот еквивалент "Сапиентија". Значењето на двете е "мудрост", и поетот го користел и како божествено име и како нејзин назив. Говорот за време на крунисувањето на Јустин посебно ја споменува Софија како ко-регент со нејзиниот сопруг, претпоставката е дека таа веќе имала политичко влијание врз него. Според Корип, Софија била задолжена за договорите за погребот на Јустинијан.[1]

Во 568, Нарзес бил отстранет од својата позиција како префект на Италија. Според Пол Ѓаконот, Софија испрати порака до највисокиот генерал дека таа има попогодна положба за евнух како него, како надгледувач на девојки кои ткаеле. Според Пол оваа порака била причината за Нарзесовото пензионирање во Неапол, наместо да се врати во Цариград како што Јустин му нареди да направи. Се толкува дека тоа Нарзес го направил бидејќи се плашел од Софија.[2]

Софија, исто така, влијаела на финансиската политика на Јустин. Имајќи наследено големо богатство, тие почнале со враќањето на разни долгови и кредити на Јустинијан. Според Теофан, Софија била задолжена за испитување на финансиските евиденции и плаќањето; со што се вратило кредибилитетот на царскиот трезор. Царската двојка се обидела да ги намали трошоците и зголеми резервите на богатство. Таа го направи истражувањето на нивните долгови и ги отплатила, што ја стекна со многу современи пофалби.[3]

Таа била првата царица-консорт прикажана на византиски монети со еднакви кралски обележја како нејзиниот сопруг. Тие исто така биле прикажани заедно на слики и статуи, само името на Софија го имаше на две палати, пристаниште и јавна бања изградена во нејзина чест.[1]

Remove ads

Регент

Јустин наводно пател од привремени напади на лудило и не бил во можност да ги извршува своите должности. Според Григориј Турски, единствената моќ во империјата во ова време ја имала Софија. Евагриј Схоластик објави дека Софија успеа самата да склучи тригодишно примирје со Хозрој.[2]

На 5 октомври 578, Јустин почина и Софија веќе не била царица-консорт, но сè уште била Августа и имала значителна моќ во империјата.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads