Елк

From Wikipedia, the free encyclopedia

Елкmap
Remove ads

Елк (полски: Ełk, германски: Lyck, пруски јазик: Luks, Łek) — град во Варминско-мазурското Војводство, Полска. Има население од 61.523 жители според податоци од 2017 година[1]. Елк е седиште на истоимениот округ.

Кратки факти Елк, Земја ...
Remove ads

Историја

До 1283 година, последниот судовијански водач Скоманд бил поразен од страна на Тевтонскиот ред во оваа област. По 1323 година, северниот дел на округот бил вклучен кон територијата на Бранденбург. За првпат градот бил документиран во 1398 година кога бил изграден замок од страна на Тевтонските витези. Во 1445 година населбата добила статус на град.

Во 1537 година, прускиот војвода Албрехт донирал имот на Јан Малецки печатар од Краков за да биде изградена печатница[2][3].[4]. Во 1709 година од чума починале 1.300 луѓе од Елк.[5] . Во 1831 година, 300 лица или околу 10% од населението починале од колера, во 1837 година уште 80 и 333 во 1852 година.[6]

Во 1825 година, во градот живееле 1.748 Германци и 1.394 Полјаци.[7]. На почетокот на 19 век започнало да работи училиште на полски јазик, со кое започнала одбраната на полските жители од германизација на подрачјето воспоставена од страна на пруската влада[8].

Во 1840 година бил основан весникот на германски јазик „Lycker gemeinnütziges Unterhaltungsblatt“, подоцна наречен „Lycker Zeitung“. Помеѓу 1842 и 1845 година, започнал да излегува од печат весникот „Przyjaciel Ludu Łecki“, чија цел била да се спротивстави на германизацијата и да се посвети внимание на полските народни традиции, како и едукација на населението.

Во мај 1845 година, полско движење на отпорот во градот било организирано, чија цел била да се подготви населението за востание.

Во 1910 година, Елк имал повеќе од 13.000 жители[9]. Според некои податоци, Полјаците во 1900 година биле 35,7%[10]. Многу граѓани избегале за време на Првата светска војна, кога руските војници го нападнале подрачјето, но се вратиле по крајот на војната. Англиски и италијански војници биле распоредени во градот по Версајскиот договор. Во времето кога започнало антиеврејското движење на подрачјето, еврејското население се соочило со големи прогони и убиства. За време на Кристалната ноќ еврејските продавници и синагогата биле ограбени и уништени во градот. Соочувајќи се со овие настани, неколку Евреи се одлучиле да побегнат, некои во странство, некои во Берлин[11], други избегале од Германија. Од оние Евреи кои останале, 80 биле убиени во различни германски логори на смртта[12]. Градот исто така бил и место на логорите за норвешките и советските воени заробеници за време на Втората светска војна[13][14].

Thumb
Плоштадот Папа Јован Павле II

Во 1999 година, градот бил посетен од страна на папа Јован Павле II. Околу 300.000 луѓе присуствувале на миса на папата.

Thumb
The water tower, built in 1895
Thumb
Улица Войска Польского

Население

Повеќе информации Година, Број ...

Географска застапеност 1910–2011

Remove ads

Личности

  • Артур Балас - политичар
  • Лешек Блажински - боксер
  • Роман Чепе - политичар
  • Сигфрид Ленц - писател

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads