Емилијано Сапата

From Wikipedia, the free encyclopedia

Емилијано Сапата
Remove ads

Емилијано Сапата Саласар[1] (шпански: Emiliano Zapata Salazar; шпански изговор: [emiˈljano saˈpata]; 8 август 1879 - 10 април 1919) — мексикански револуционер, еден од водачите во Мексиканската револуција и водач на револуцијата на селаните во државата Морелос во Мексико. Тој е инспирација за аграрното движење наречено сапатизам.

Кратки факти Емилијано Сапата Саласар, Роден(а) ...
Remove ads

Животопис

Тој е роден во селото Аненекуилко во државата Морелос во Мексико, во фамилија на фармери, поради што имал увид во тешкотиите и проблемите на луѓето кои живеат на село и одработуваат земја. Тој долго протестирал против одземањето на земјата на обичните селани.[2]

Во 1909 година се случила важна средба помеѓу старешините на неговото родно село каде што кметот на селото најавил оставка поради неговите години, но никој не се осмелил да бара нов кмет. Поради тоа, Сапата станал кмет на селото без претходно гласање, а како доверлив и сигурен човек за таква позиција.[3]

Во изборите во 1910 година, Сапата гледал можност за да ги промовира своите предлози за аграрни реформи во Мексико и направил сојуз со кандидатот Францис I Мадеро во кој гледал најдобра шанса за вистински промени во државата.[4] Сепак, Мадеро не ги исполнил реформите и поради тоа Сапато одбил да се покори на новата влада, настојувајќи спроведување на аграрните реформи и конфискација на оние земји кои припаѓаат на непријателите на револуцијата.[5]

Remove ads

Цитати

Земја и слобода!
Подобро ќе умрам на нозе отколку да живеам на колена.
Земјата припаѓа само на оние кои ја работат со сопствени раце.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads