Енгелана
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Енгелана (Кулишта) — археолошко наоѓалиште во градот Охрид. Претставува утврдена населба од раната антика и старомакедонско време[1]. Тврдината е градена од масивни, добро обработени блокови од камен.[2]
Наоѓалиштето е сместено 5 км северозападно од Охрид, над пештерната црква „Св. Еразмо“. Ова место се нарекува Габавски Рид, кој се извишува во планината Галичица. Објектот го носи прекарот Македонската Микена заради киклопската градба на рушевините.[3][4]
Remove ads
Опис и одлики
Според археолошките истражувања, монументалната градба на ова утвдена населба датира од IV век п.н.е. и била престолнина на племето Енхелејци (Енгелани), подоцна наречени Десарети. Тие во антиката го населувале подрачјето околку денешен Охрид и на запад граничеле со териториите на Илирите. Според археологот Паско Кузман ова племе не е илирско или старогрчко, туку е дел од етничките супстрати од кои подоцна настанал македонскиот народ. Се смета дека Енхелејците ги основале градовите Лихнид (претходник на денешен Охрид) и Енхалон (веројатно денешна Струга).[5]
Се претпоставува дека тврдината играла стратешка улога во војната на Филип II Македонски против Илирите во 358 г. п.н.е.[6]
Remove ads
Археолошки истражувања
Првите делумни ископувања на киклопските ѕидини се извршени во 1931 и 1932 г. од страна на германскиот архгеолог Вилхелм Унферакт и југословенскиот археолог Миодраг Грбиќ од Народниот музеј во Белград. Археолозите го проучувале највисокиот дел на тврдината, каде се смета дека живеел владетелот и неговиот двор, како и западните ѕидини, кои биле зајакнати од шест моќни монументални кули, изградени од мегалитни каменни блокови со големина од 1,80 × 0,90 м.[7]
Во 1975 и 1976 г. под киклопските ѕидини на тврдината се откриени темелите на ранохристијанската базилика „Св. Еразмо“ со некрополата.[8]
Remove ads
Поврзано
- Енхалон
- Св. Еразмо (базилика) — важна старохристијанска базилика во непосредна близина
- Црква „Св. Еразмо“ — средновековна пештерна црква во околината
- Список на археолошки наоѓалишта во Охридско
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads