Енергетски пијалак

From Wikipedia, the free encyclopedia

Енергетски пијалак
Remove ads

Енергетски пијалак — вид пијалак што содржи шеќер и стимуланс (најчесто кофеин). Нивниот нагласок е ставен на обезбедување умствена и физичка возбуда (рекламирана како „енергија“, но различна од енергетската вредност). Може или не може да биде газиран и може да содржи други засладувачи, таурин и аминокиселини. Тие се разликуваат од спортските пијалаци што се рекламираат како подобрување на спортското претставување.

Thumb
Енергетски пијалаци во продавница

Кафето, чајот и другите природни пијалаци со кофеин по принцип не се сметаат за енергетски пијалаци. Други безалкохолни пијалаци како кола можат да содржат кофеин, но исто така и тие не се сметаат за енергетски пијалаци. Според Европската управа за безбедност на храната, внесувањето до 400 мг кофеин дневно не претставува ризик за здравјето на возрасно лице. Ова е еднакво на околу 4 шолји кафе или 5 стандардни лименки енергетски пијалак.[1][2]

Населенијата изложени на ризик од усложнувања од употребата на енергетски пијалаци вклучуваат млади луѓе, трезвеници (луѓе што не пијат алкохол или се чувствителни на кофеин), бремени жени, натпреварувачки спортисти и луѓе со срцево-садови болести.[3]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads