Енциклопедија Британика

From Wikipedia, the free encyclopedia

Енциклопедија Британика
Remove ads

Енциклопедија Британика (лат. Encyclopædia Britannica) е општа енциклопедија на англиски јазик чиј издавач е Енциклопедија Британика Инц. приватна компанија. Написите во Британика се наменети за возрасни читатели и ги пишуваат околу 100 уредници, и уште над 4000 експерти-соработници. Се смета за најквалитетна академска енциклопедија.[1][2]

Кратки факти

Британика е најстарата енциклопедија на англиски која сѐ уште се печати.[3] Првпат била објавена помеѓу 1768 и 1771 во Единбург, Шкотска и набрзо пораснала и во популарност и во обем, така што третото издание во 1801 веќе имало 21 том.[4][5] Нејзиното реноме ѝ овозможило да собере еминентни соработници, така што 9-тото издание (1875–1889) и 11-тото издание (1911) се сметаат за референтни по својата академска вредност и литерарен стил.[4]

Почнувајќи од 11-тото издание, Британика постепено ги скратувала и поедноставувала написите со цел да го придобие Северноамериканскиот пазар.[4] Во 1933 Британика станала првата енциклопедија која ја усвоила политиката на континуирана ревизија, според која енциклопедијата се преиздава и секој напис се обновува според планиран временски распоред.[5]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads