Ердене Зу манастир
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ердене Зу (монголски: Эрдэнэ Зуу) е најзначајниот и најстар будистички манастир во Монголија. Манастирот се наоѓа во Провинцијата Оворхангај, во близина на градот Харахорин и стариот разрушен град Каракорум.


Манастирот бил изграден во 1585 година од Абтај Саин Хан[1] , по второто воведување на будизмот во Монголија. За изградба на манастирот се користеле камени блокови од стариот разрушен град Каракорум[2]. Манастирот е заграден со 102 ступи[3]. Манастирите се добро украсени и има елементи на кинеската архитектура, особено покривот. Манастирот бил оштетен во 1680 и повторно изграден во 18 век за да во 1872 година има 62 храмови во комплексот.
Remove ads
Галерија
- Поглед кон надворешниот ѕид
- Лавирскиот храм
- Буда во манастирот
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads