Ерик Ромер

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ерик Ромер
Remove ads

Жан Мари Морис Шерер (Jean Marie Maurice Schérer) или Морис Анри Жозеф Шерер (Maurice Henri Joseph Schérer), познат како Ерик Ромер (француски: Éric Rohmer; 21 март 1920 — 11 јануари 2010) — француски режисер, едне од најпознатите претставници на „Новиот бран“.

Thumb
Ромер во Француската кинотека во 2004 година

Животопис

Пред да стане режисер, Ромер работел како професор, новинар и филмски критичар. Тој ја сакал книжевноста повеќе од филмот, имал конзервативни погледи на светот и бил голем верник-католик.[1]

Творештво

Филмската кариера ја започнал со неколку кратки филмови, а можноста да го сними својот прв долгометражен филм, „Знакот лав“, му ја дал познатиот режисер Клод Шаброл. Насловот на филмот упатува на хороскопскиот знак на главниот лик, а филмот се однесува на прашањето на среќата и на судбината. Во 1963 година, Ромер започнал да работи на циклусот „Шест морални приказни“ во кој ги обработува темите кои се сметаат за застарени и надминати во либералниот свет. Притоа, Ромер луцидно го анализира модерниот човек и открива дека тој сè уште е соочен со вообичаените дилеми. Овој циклус започнува со краткометражниот филм „Пекарката од Монсо“, а продолжува со „Кариерата на Сузан“, „Колекционерка“ и „Мојата ноќ со Мод“ (за којшто Ромер бил номиниран за наградата „Оскар“), „Коленото на Клер“ (за кој је добил главната награда на фестивалот во Сан Себастијан) и „Љубов напладне“. Во своите филмови, Ромер ги занемарува привлечноста, брзото темпо и другите слични техники кои го одвлекуваат вниманието од главните ликови. Неговите кадри се долги и во нив ликовите водат долги разговори, често работи со натуршчици (луѓе кои не се професиноални глумци), а често, дејствието во неговите филмови се одвива во места за одмор, крајбрежни места и во природата при што ликовите минуваат многу време движејќи се од едно до друго место. Често, неговите дијалози се импровизирани и во нив доаѓа до израз значењето на јазикот во општењето. Ромер развил посебна метода на снимање: тој работел многу долго со глумците на пробите, додека самото снимање се одвивало прилично брзо. Во текот на 1980-тите, Ромер го снимил циклусот „Комедии и поговорки“, кој се состои од шест филма, почнувајќи од „Жената на авијатичарот“ до „Пријателот на мојата пријателка“. Секој од овие филмови е заснован врз една поговорка при што за третиот филм од циклусот, „Полина на плажа“, ја освоил наградата „Сребрена мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал. Потоа, во 1990-тите го снимил циклусот „Приказни за четирите годишни времиња“. Во 2001 година, на Венецијанскиот филмски фестивал, Ромер ја добил наградата „Златен лав“ за животно дело.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads