Ерусалимски собор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ерусалимски собор или Апостолски собор — црковен собор кој се одржал во градот Ерусалим, во периодот околу 50 година. На овој собор се собрале Дванаесетте апостоли, заедно со Павле од Тарс и неговите истомисленици. Соборот е опишан во Глава 15 од книгата „Дела на светите апостоли“ во Новиот завет, и се верува дека се одржал некаде од 48 до 50 г.
На овој собор биле донесени многу важни решенија за новата хртистијанска религија. Било решено дека Крштевањето е доволно за примање на христијанството, на новите верници им било порачано дека не мораат да се држат само по законите на Мојсеј, вклучувајќи ги и правилата во врска со обрежување на мажите. Податоци околу овој собор и неговите одлуки се наоѓаат во Делата апостолски, како и во посланието на Павле кон Галатјаните.
Remove ads
Поврзано
![]() | Оваа статија за христијанството е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads