Ерху
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ерху е кинески гудачки инструмент со две жици, инаку наречен јужна гусла, додека во западниот свет е познат како кинеска виолина или кинеска гусла со две жици. Се користи и како соло инструмент,како и во мали ансамбли и големи оркестри. Тој е најпопуларен од семејството на традиционални жичани инструменти хукин што ги користат различни етнички групи во Кина. Се користи и во традиционални и во современи музички аранжмани, како што се поп, рок и џез.[1]

Remove ads
Историја
Ерху првпат се појавил во Кина за време на династијата Танг. Се верува дека потекнува од народот Кси кој се наоѓа во североисточна Кина.[2] Во поголемиот дел од историјата, ерху бил главно народен инструмент што се користел во јужна Кина, додека сиху бил претпочитан меѓу северните музичари. Лиу Тианхуа во 1920 година го вовел овој инструмент во Пекинг и оттогаш станал најпопуларен меѓу нив .
Поврзано
- Дотара
- Гудачки инструменти
Наводи
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
