Ер (езеро)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ер (езеро)
Remove ads

Езерото Ер (англиски: Lake Eyre, на јазикот на домородците: Kati-tanda) е, во ретки случаи кога е полно, најголемо езеро во Австралија (и државата и континентот). Се наоѓа на околу 15 метри под нивото на морето[1][2] и по тоа е најниска точка во Австралија. Максималната површина на езерото изнесува 9.500 -{км2}-. Ова солено еезеро се наоѓа во центарот на басенот на езерото Ер.

Кратки факти Ер, Подрачје ...

Името езерото го добило по британскиот истражувач Едвард Џон Ер, кој го открил езерото во 1840 година.[3]

Езерото Ер се наоѓа во сушната област во централна Австралија, на северот од сојузната држава Јужна Австралија. Тоа е најнискиот дел од солените пустински рамнини. Во најсушните периоди езерото испарува и се дели на два дела (Северно и Јужно Езеро Ер, кои се поврзани со канали). Во текот на дождовните сезони реките носат вода од северозападот на областите Аутбек и Квинсленд. Количината на монсунските врнежи ја одредува длабочината на езерото. Еднаш на секои три години езерото достигнува длабочина од 1,5 метри, а еднаш во една деценија длабочината достигнува до 4 метри. Секои 25 години езерото потполно се полни, додека веќе наредното лето, поголемиот дел од водата испрува.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads