Етолија-Акарнанија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Етолија-Акарнанијаmap
Remove ads

Етолија-Акарнанија (грчки: Αιτωλοακαρνανία) — округ во областа Западна Грција, Грција. Округот претставува комбинација на регионите Етолија и Акарнанија. Нејзиниот главен град поради историски причини е Месолонги, а нејзиниот најголем град и економски центар е Агринио. Областа е сега поврзана со полуостровот Пелопонез со мостот Рио-Андирио. Околните окрузи се Арта во Епир, Кардица од Тесалија, Евританија на североисток и Фокида на исток. Таа е најголемиот округ по површина во Грција.

Кратки факти Етолија-Акарнанија Περιφερειακή ενότητα Αιτωλοακαρνανίας, Земја ...
Remove ads

Географија

Планините доминираат на север, североисток, запад и југоисток, особено во Акарнинските Планини. Најдолгата и главна река е реката Ахелој која што завршува со делта во мочурливите земјишта на југоисток. Округот не ги опфаќа островите кои лежат на запад бидејќи тие припаѓаат на округот Кефалонија. Постои еден резервоар како и езеро во централниот дел. Во планините на овој округ спаѓаат и планините Панетолико на североисток и Акарнинските Планини каде што постои компанија за флаширање на изворска вода.

Remove ads

Клима

Климата тука варира од топли лета до умерени зими во пониските области, додека пак во планинските области со највисока надморска височина доминираат ладни зими, студени зими и ладно време во зимските месеци.

Историја на бројот на населението

Сообраќај

  • Грчки Национален Пат 5/E55, ЈЕ, Ј, Цен., С
  • Грчки Национален Пат 38, Цен., СИ
  • Грчки Национален Пат 42, С, СЗ
  • Грчки Национален Пат 48/E65, ЈИ
  • Пат кој ги поврзува Агиос Николаос, Астакос и Етоликон, СЗ, З, ЈЗ, Ј

Општини

Округот Етолија-Акарнанија се дели на 7 општини. Тие се следниве (означени со бројки во инфокутијата):[1]

  • Агринио (2)
  • Актио-Војница (3)
  • Амфилохија (4)
  • Месолонги (1)
  • Нафпактија (6)
  • Термо (5)
  • Ксиромеро (7)
Повеќе информации Општина, YPES code ...

Области

  • Месолонги - Месолонги
  • Нафпактија - Нафпактос
  • Трихронида - Агринио
  • Валтос - Амфилохија
  • Војница и Ксирокамби - Војница
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads