Ешеде
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ешеде (германски: Eschede) — општина во округот Целе, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 15 километри североисточно од окружниот град Целе, на границата со Природниот парк Зидхајде. Околу 20 мали села припаѓаат на општината.
Во 1975 година, голем пожар уништил огромни површини на шумата во областа. Местото е познато и по железничката несреќа во 1998 година, кога брз воз ICE излетал, при што загинале 101 лице, што претставува најлоша железничка несреќа во Германија по Втората светска војна.
Општината претставувала административно седиште на истоимената општинска заедница.
Remove ads
Географија
Ешеде се наоѓа 19 километри североисточно од Целе, на работ на една голема шумска област.
Општината Ешеде се состои од средишното место Ешеде, Хабигхорст, Хефер, Шарнхорст, Дале, Ендехолц и Марведе.[2] Покрај нив се сретнуваат и помали места како Ашенберг, Ашаутајхе, Бургхорн, Хабигхорстер Хее, Хезело, Краген, Маринезидлунг, Ое, Квело, Реберла, Шелпло, Штарксхорн и Вајхаузен.
Познати луѓе
- Алберт Кениг (1881–1944) — сликар и графичар
- Фридрих Штолте (1889–1969) — политичар
- Вилхелм Брезе (1896–1994) — политичар
- Ерих Шелхаус (1901–1983) — политичар
- Геде Гендрих (1912–2000) — шумар и писател
- Ернст Бауероксе (р. 1925) — мисионер
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads