Ждрепка (змија)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ждрепка (змија)
Remove ads

Ждрепка (науч. Elaphe quatuorlineata) — неотровна змија од семејството на смоковите (Colubridae).

Кратки факти Ждрепка, Заштитен статус ...
Remove ads

Опис

Возрасните единки се жолтеникаво кафеави со четири темни пруги, на кои се однесува научното име на видот.[2] Од окото до аголот на устата накосо се протега долгнавест темен белег. Младите на грбот имаат низа темнокафеави дамки со наизменични темнокафеави точки од страните, сите на светла заднина.[3] Возрасните змии достигнуваат должина од 2,6 м, а понекогаш и повеќе. Лушпите на грбот се малку (но сепак забележливо) засртени. Највеќето имаат и предочни лушпи.[4]

Remove ads

Распространетост

Оваа змија се среќава во Македонија[5], јужна Европа, и тоа претежно во Италија и на Балканот, од Словенија до Грција.

Понто-средоземен вид на змија, кој се среќава најчесто по рабови на шуми и живи огради, отворени шуми и каменести обраснати падини. Претпочита топли и сенчести места, најчесто влажни станишта и може да се сретне во мочуришни подрачја и близу до локви и потоци. Често лови во топли и облачни услови во самрак, а добро се искачува на дрвја и плива. Ждрепката е релативно флегматична и слабо подвижна змија. Таа е најголема и најробустна змија од сите крупни европски змии, достигнувајќи должина до околу 260 cm. Во рамките на Национален парк Галичица, таа е присутна на надморски височини од бреговите на езерата до 1.650 m во отворени шумски подрачја, чистинки и суви тревести терени. Авторот на овој извештај го регистрира присуството на оваа змија на локалитетот Преслап (1.600 m), карпестиот рид над село Лескоец, во ливадите кај локвата Глајшо и во близина на планинската куќа.[6]

Remove ads

Заштита

Од Европските документи видот е заштитен согласно: Директива за живеалишта 92/43/EEC Анекс II: Животински и растителни видови кои се значајни за Унијата и чија заштита бара определување на посебни подрачја за заштита; Анекс IV: Животински и растителни видови кои се значајни за Унијата и се под строга заштита, Конвенција за заштита на европскиот див свет и природните живеалишта (BERN) – Апендикс II строго заштитени фаунистички видови, како и според Конвенцијата за меѓународна трговија на загрозени видови од дивата фауна и флора (CITES).[6]

Наводи

Литература

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads