Градиште (Железнец)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Градиште — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Железнец. Претставува утврдена населба од раноантичко време, опидум од доцноантичкото време и средновековна тврдина. Се наоѓа во непосредната близина на селото, од левата страна на патот Битола-Кичево, на низок издолжен рид со стрмни падини кон составот на Црна Река и малата притока Кушница. Наоѓалиштето е тешко пристапно, доминира над целиот предел и ја надгледува долината на Голема Река. Тврдината ги следи контурите на ридот и има елипсовидна форма со површина од околу 3 хектари. Одбранбениот бедем е цврст, граден од камен и варов малтер, и делумно е обновен во средновековието. На источната страна бедемот може да се следи во целост, а на одделни места јасно му се оцртува внатрешниот раб. На источната страна се гледаат остатоците од влезната порта, а на северниот агол се наоѓаат импозантни остатоци од кула. По површината на градиштето се забележуваат темели од повеќе објекти, фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, згура од топена железна руда, како и множество градежен материјал. Во непосредната близина на брегот на Црна Река се откриени повеќе гробови од доцноантичкото време.[1] Во римскиот период овој град бил забележан како Сидеро Кастрон — а во средновековието како Железник.[2]
Remove ads
Поврзано
- Во Гарон — населба и топилница од доцноантичко време;
- Даркојца — населба од доцноантичко време;
- Спилје — населба од доцноантичко време;
- Железнец;
- Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads