Жеравино
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Жеравино — поделено село меѓу Бугарија и Србија. Се наоѓа на самиот југоисточен дел на Србија и крајниот југозападен дел на Бугарија. Српскиот дел од селото се наоѓа во Општина Босилеград во Пчињскиот Управен Округ. Бугарскиот дел од селото се наоѓа во Општина Ќустендил во Ќустендилската Област. Според пописот од 2022. во српскиот дел живеел 17 жители[1](според пописот од 1991. селото имало 34 жители), додека во бугарскиот дел од селото имало само 4 жители. Според пописот во Бугарија од 2021, селото имало само 1 жител.[2]
Remove ads
Географија
Жеравино се наоѓа на границата со Србија и Македонија во географската област Каменица. Поделено е меѓу Србија и Бугарија во 1920 година. Жеравино, посебно неговата Горчилска Мала е најзападното населено место во Бугарија и најјугоисточното во Србија. Има умереноконтинентална нископланинска клима. Недалеку над селото е врвот Китка на Осогово, на самата граница со Македонија. Овој врв долго се сметал за најзападна точка на Бугарија, пред да биде утврдено дека тоа е Вршка Чука на крајниот северозапад на земјата.
Селото е од разбиен тип и е сочинето од 5 маала:
- Дулѓерска
- Радевска
- Чергарска
- Горчилска
- Папрадска
Порано, селото на територијата на Бугарија припаѓало кон следните административно-територијални единици: Општина Бобешино (1883-1934), Општина Долно село (1934-1958), Општина Жиленци (1958-1959), Општина Долно село (1959-1978), Општина Ѓуешево (1978-1983), Општина Грлјано (1987 - 1987) и Општина Ќустендил (од 1987 г.).
Remove ads
Население на бугарскиот дел
Година | 1880 | 1900 | 1926 | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1978 | 1984 | 2010 |
Население | 375 | 420 | 302 | 286 | 239 | 147 | 44 | 20 | 10 | 4 | 4 |
Историја
За селото, нема некои официјални документи во текот на историјата. Остатоците од античкиот и средновековниот период покажуваат дека регионот е населен уште во времето на антиката.
Селото е старо и средновековно, регистрирано во османскиот даночен тефтер од 1579-1572 година под името Жеравино со 20 христијански домаќинства и 15 ергени. Тогаш имало статус на дервенџиско село.
Село Жеравино во Србија
Во српскиот дел живеат 19 полнолетни жители, а просечната старост на населението изнесува 55,9 години (51,6 кај мажите и 59,1 кај жените). Во селото има 10 домаќинства, а просечниот број на членови по домаќинство е 2,10.
Населението во ова село е многу нехомогено, а во последните три пописи е забележан пад во бројот на жители.
|
Во српскиот дел селото е претежно населено со Срби (2022).
- Население Жеравино (српски и бугарски дел)
Година | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2002 |
Население | 178 | 176 | 152 | 152 | 68 | 34 | 24 |
- Етнички состав (2002)
Националност | бугари | срби | Македонци |
% од населението | 76,20 % | 19,04 % | 4,76 % |
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads