Животопогоден појас

From Wikipedia, the free encyclopedia

Животопогоден појас
Remove ads

Животопогоден појас — појас или подрачје во вселената каде условите се погодни за живот онакви како што се на Земјата. Постојат две зони кои треба да бидат погодни, едната во рамките на планетарниот систем и другата во рамките на галаксијата. Планетите и месечините во овој реон се кандидати за постоење на живот, па според тоа способни да создадат вонземски живот сличен на нашиот.

Thumb
Дијаграм што ги покажува границите на населената зона околу sвездите и како одредени видови sвезди влијаат на тие граници. Овој простор вклучува планети на Сончевиот Систем (Венера, Земја и Марс), како и особено важни вонсончеви планети како Трапист-1д, Кеплер-186ф и нашиот најблизок сосед Проксима Кентаури б

Во нашиот Сончев Систем меѓуѕвездениот животопогоден појас се протега на растојание од 0,95 до 1,37 астрономски единици.

Глизе 581 d, последната од четирите планети на ѕвездата црвено џуџе Глизе 581 (околу 20 светлосни години од Земјата), е најдобар пример на пронајдена далечна вонсончева планета која орбитира во животопогодниот појас во вселената.[1]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads