Жирардув
град во Мазовското Војводство, Полска From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Жирардув (полски: Żyrardów) — град во Мазовското Војводство, средна Полска, седиште на Жирардувскиот Округ. Сместен е на 45 км западно од Варшава и има население од 40.243 жители (2017)[1]. Во минатото бил важен центар на текстилната индустрија во тој дел на Европа.


Remove ads
Историја
Градот настанал во како работничка населба 1833 г. кога браќата Лубјењски отвориле ткајачки погони во месноста Руда Гузовска. Меѓу раководителите бил францускиот инженер и пронаоѓач Филип де Жирар (1775 - 1845) од Лурмарен. Во текот на XIX век местото се развило во значаен текстилен центар. Подоцна Руда Гузовска е преименувана во Жирардув во негова чест.
На 13 септември 1939 г. градот е зазаден од Германците Во 1941 г. еврејското население е преселено во Варшавското гето.
Крај влезот градот стои табла на која се вели дека Жирардув е единствениот град во Европа создаден исклучиво поради фабрика. Во 2012 г. градот е прогласен за историски споменик на Полска и ставен во надлежност на Националниот институт за културно наследство.
Забележително е тоа што Жирардув се смета за единствениот целосно зачуван индустриски град од XIX век.
Remove ads
Образование
- Јавен училиштен комплекс бр. 7 „Хенрик Шенкевич“
- Средно училиште „Стефан Жеромски“
- Школа за велосипедизам
- Виша школа за месен развој
Спорт
- ФК „Жирардовјанка Жирардув“ (осн. 1923) — фудбалски клуб од IV лига
Познати личности
- Станислав Каролак (1931 - 2009) — македонист
- Лешек Милер (р. 1946) — премиер на Полска (2001 - 2004)
Збратимени градови
Жирардув е збратимен со следниве градови:
Делчево, Македонија
Лурмарен, Франција
Сиеро, Шпанија
Тангшан, Кина
Поврзано
- Жирардувски Округ
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads