Жозеф Бедје

From Wikipedia, the free encyclopedia

Жозеф Бедје
Remove ads

Жозеф Бедје (фран: Joseph Bédier) бил француски писател, просветител и историчар на средновековна Франција.

Кратки факти Жозеф БедјеJoseph Bédier, Роден/а ...
Remove ads

Животопис

Бедје е роден во Париз, како син на бретонскиот правник Адолф Бедје. Детството го минал во Реинион, а подоцна станал професор по средновековна француска литература на универзитетот од Фрибур, Швајцарија (1889-1891) и на францускиот колеџ од Париз (1893).

Поле на неговиот научен интерес биле народните песни и приказни, кои ги обработил во две книги. Освен нив, Бедје се интересирал и за старите француски легенди како оние за Тристан и Изолда и Песните за Роланд. Бил член на француската академија од 1920 г. сè до неговата смрт.

Неговиот роман Тристан и Изолда е преведен на многу странски јазици и е задолжителна лектира во повеќето европски земји. Освен со писателска дејност, тој се занимавал и со научна, бидејќи во соработка со Пол Хазард ја издале двотомната Историја на француската литература, која се смета за еден од најзначајните научни трудови на модерната филологија посветен на повеќевековното и обемно француско Книжевно творештво. Во 1929 г. е избран за почесен член на Американската Академија на науките и уметностите.[1]

Бедје починал во Ле Гранд Сер, 1938 г.

Воени дневници

Бедје ги користел мемоарите на германските војници од Првата светска војна (Kriegstagebücher), како извор за неговите статии поврзани со германските злосторства врз белгиските цивили и француските војници. Дел од дневниците кои ги поседувал биле белешки на војниците од нивниот приватен живот, додека поголемиот број биле записи со воени страгегии, наредби и планови за текот на воените дејствија. Од сите нив, Бедје успеал да ги извлече најинтригантните податоци за сексуалните и садистички насилства извршени од германските трупи, претставени во 36 четива.[2]

Remove ads

Библиографија

  • Распоредот на сенката (1890)
  • Приказната за Ришо (1891)
  • Студии за популарната литература и книжевната историја на средниот век (1893)
  • За Никола Музе, франко-галскиот поет и писател (1893)
  • Тристан и Изолда (1900)
  • Роман за Тристан и Томас (1902-1905)
  • Критички студии (1903)
  • Две поеми за лудиот Тристан (1907)
  • Епски легенди, истражување за настанувањето на народните песни (1908-1913)
  • Песни за Крстоносните војни (1909)
  • Песни за Колин Музе (1912)
  • Сведоштва за германските злосторства (1915)
  • Како Германија се обидува да ги оправда своите злосторства? (1915)
  • Жозеф Бедје и Пол Хазард: Историја на француската литература (1923/24)
  • Францускиот напор (1919)
  • Песна за Роланд (со поговор) (1920)
  • Песна за Роланд (по Оксфордовиот манускрипт) (1922)
  • Коментар за Песната за Роланд (1927)
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads