Забже
град во Полска From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Забже (полски: Zabrze, германски: Hindenburg O.S (од 1915 до 1945), целосен назив: Hindenburg in Oberschlesien, шлески: Zobrze) - град во Полска, кој се наоѓа во Шлеското Војводство во близина на Катовице, во западниот дел на Горношлеската Метрополска Област, кое брои околу 2 милиони жители. Низ градот тече реката Битомка, која е притока на Одра.
До 1999 година, градот бил дел од тогашното Катовицко Војводство, а од тогаш е дел од проширеното Шлеско Војводство. Забже е еден од градовите кои ја сочинуваат катовицката конурбација, која пак е важен дел од пошироката Горношлеската Метрополска Област, во која живеат нешто над 5 милиони жители.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads