Забрдски манастир

манастир кај селото Тороник, Гребенско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Забрдски манастирmap
Remove ads

Забрдски манастир „Св. Никанор“ или „Преображение Христово“ (наречен и само Забрдо; грчки: Ιερά Μονή Οσίου Νικάνορος Ζάβορδας) — манастир кај селото Тороник, Гребенско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гребенската епархија на Цариградската патријаршија.

Кратки факти Забрдски манастир, Место ...
Remove ads

Географија

Манастирот се наоѓа во клисурата на реката Бистрица, на нејзината лева (северена) страна, на 3 км источно од блиското село Тороник, на територијата на општината Дескати.[1] Сместен е околу 45 км југоисточно од градот Гребен и околу 50 км јужно од Кожани.

Историја

Thumb
Фрески од посницата „Св. Никанор

Манастирот е подигнат од јеромонахот Никанор (1491 - 1549) во првата половина на XVI век. Тој ја обновил и црквата „Св. Ѓорѓи“, која денес го носи неговото име. Поминал неколку години во аскетска самотија, по што околу 1534 година, во близина на тогашното село Забрдо го основал манастирот „Преображение на Христос Спасителот“.

Thumb
Фреска од католиконот

Манастирот, како и светогорските, е центриран околу внатрешен двор поплочен со сиви речни камења.[2] Католиконот „Св. Преображение“ бил изграден во 1543 година, во кој се зачувани фрески од XIX век. Градбата претставува крстокуполна базилика во византиски стил. Фрескоживописот од 1547 г. е дело на зографот Франкос Кателанос. Продолжената припрата е живописана на источниот ѕид од Ѓорѓи Мануил од Селица во 1835 г. со фрески на животот на Св. Никанор и други светци почитувани од Охридската архиепископија. Куполата е живописана во 1869 година од мајсторот Мануил Георгиу. На јужната страна на католиконот, во кој порано се наоѓал параклисот „Св. Јован“ е сместен гробот на Свети Никанор.[2][3] Камбанаријата била доградена во 1873 година, за што сведочи нејзиниот натпис.[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Забрдо, чие име го носи манастирот, живееле 17 Грци-муслимани (Валахади).[5]

Во XXI век, манастирски игумен е Тимотеј. Главните празнувања на манастирот се Преображение Христово (19 август) и Св. Никанор (20 август).[6] Манастирот исто така располага со свои имоти што се обработуваат.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads