Загорка Змејкоска

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Загорка Маневска Змејкоска (18 октомври 1926 во Кичево — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Со формирањеrо на партиската организација во Кичево станала член на младинскиот актив. Активно учествувала во ширењето на илегален материјал, пропаганда и придобивање младинци за НОД. Раководела со младински подактив. Чувала илегалци и илегален материјал и одржувала врска со илегалците. Од февруари 1942 година станала член СКОЈ. Во април 1943 година партиската организација од Кичево ја задолжила да одржува врски со еден италијански војник. Преку него добивала оружје и воен материјал. Поради провала била откриена и уапсена од италијанската воена власт. По излегувањето од затвор агитирала за масовно одење во НОВ, собирала информации и разни материјали. Од септември 1943 година станала член на КПМ, а истовремено била избрана и за член на Месниот Комитет на СКОЈ - Кичево. Во април 1944 година била избрана за член на Месниот Комитет на КПМ и истовремено секретар на Месниот Комитет на СКОЈ. Есента 1944 година по директива на Околискиот комитет на КПМ се повлекува на слободна територија (кај Кичево) и тука била примена за член на Околискиот комитет на СКОЈ.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads