Загорје на Сава
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Загорје на Сава (словенечки: Zagorje ob Savi) — град во средна Словенија. Градот е центар на општината Загорје на Сава. Градот е дел од историскиот регион Горењска. Градот сега е вклучен во Засавскиот статистички регион.[1]
Remove ads
Етимологија
Загорје првпат се споменува како Сагор (германски: Sagor) во писмените записи на Патријаршијата во Аквилеја кои датираат од 1296 година. Името на населбата е сменето од Загорје во Загорје на Сава во 1955 година.[2]
Историја

Археолошките докази покажуваат дека областа била веќе населена во доцното бронзено време и железното време. Во 1755 година во областа биле откриени наоѓалишта на јаглен и започнал економскиот развој на градот. Ископувањето јаглен беше една од главните активности на областа до 1995 година, кога беа затворени последните рудници.[3] Во 2010 година, градот беше силно погоден од поплави.
Remove ads
Црква
Парохиската црква во населбата е посветена на светите Петар и Павле и припаѓа на Римокатоличката надбискупија Љубљана. Станува збор за неороманска црква изградена во 1873 година.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads