Загубена комета

From Wikipedia, the free encyclopedia

Загубена комета
Remove ads

Загубена комета — комета која не е забележана за време на последениот перихелионски премин. Ова обично се случува кога податоците не се доволни за прецизно да се пресмета местоположбата на кометата или ако пак сончевото издолжување е неповолно во близина на перхелионскиот премин. D/ ознаката се користи за периодична комета која повеќе не постои или се смета дека исчезнала.[1]

Thumb
Биеловата комета првпат забележена како две парчиња во 1846 година, и повторно не е забележана од 1852 година.

Загубените комети можат да се споредат со загубените астероиди (изгубените ситни планети), иако пресметката на орбитите на кометите се разликува заради негравитационите сили, како што е оддавањето на гасни млазови од јадрото. Некои астрономи специјализираат на оваа гранка, како на пример Брајан Марсден, кој успешно го предвиде враќањето на некогаш загубената периодична Свифт-Татлова комета во 1992 година.

Remove ads

Преглед

Thumb
5D/Брорсен, која е загубена комета по нејзиното забележување во 1879 година

Загубување

Постојат голем број на причини зошто може да изостане повторното забележување на кометата од страна на астрономите за време на последователните појави. Прво, орбитите на кометите можно е да се растроени од заемодејството со џиновските планети, како на пример со Јупитер. Ова, заедно со негравитационите сили, може да резултира во промена на датумот на перихелот. Друга причина е можното заемодејство на планетите со кометата, што може да ја оддалечи нејзината орбита премногу далеку од Земјата за да се види или па дури и да ја исфрли од Сончевиот Систем, како што се верува дека се случило со Лекселовта кометата. Бидејќи некои комети периодично се подложни на „изблици“ или зголемување на сјајноста, можно е да се новооткрие комета со слаба сјајност за време на изблик и последователно да постанае загубена комета.

Кометите исто така можат да ги исфрлат сите волатили. Па така евентуално, најголемиот дел од испарливиот материјал што се наоѓа во јадрото на кометата испарува, а кометата станува мала, темна, инертна грутка карпа или збир од карпи,[2] изумрената комета можно е да наликува на астероид (Погледајте Комета и Судбината на кометите ). Се верува дека ваков случај е 5D/Брорсен, за која Марсден верува дека веројатно „избледила“ кон крајот на 19 век.[3]

Thumb
Материјалот што произлегува од компонентата B на 73P/ Швасман-Вахман, при нејзиниот распад во 1995 година, забележано со вселенскиот телескоп Хабл.

Во некои случаи, кометите се распаѓаат за време на нивниот премин низ перихелот или на кој и да е дел од нивната орбита. Најпознат пример е Биеловата комета, која се поделила на две компоненти, пред да исчезне по нејзината поделба во 1852 година. Во современоста, пример за забележан процес на распаѓање е кометата 73P/Швасман-Вахман.

Повторно забележување

Повремено, откривањето на некое тело е всушност повторно откривање на претходно загубено тело, кое пак може да се утврди со пресметување на неговата орбита и да се утврди совпаѓање на пресметаните местоположби со претходно снимените местоположби. Во случај кога имаме загубени комети ова постанува особено незгодно. На пример, кометата 177P/Барнард (позната и како P/2006 М3), првпат забележана од Едвард Емерсон Барнард на 24 јуни 1889 година, била повторно забележана по 116 години во 2006 година.[4] На 19 јули 2006 година, 177P била на растојание од 0,36 ае од Земјата.[5]

Долгопериодични комети

Кометите може и да ги снема, но не и да се сметаат за загубени, иако можеби не се очекувани повторно да се појават по стотици, па дури и илјадници години. Со помоќните телескопи, постои можност да се набудуваат долгопериодичните комети во периодот по перихелот. На пример, Хејл-Боповата комета била набудувана со голо око околу 18 месеци по нејзиното приближување во 1997 година.[6] Се очекува можноста за нејзиното набљудување со големите телескопи да биде можна сè до 2020 година, период во кој ќе биде со величина 30.[7]

Кометите што се загубени или исчезнати имаат имиња кои започнуваат со D, што е според моменталните конвенции на МАУ.

Remove ads

Список

Кометите обично се забележуваат при периодичното враќање. Кога ќе ги снема, постои можност повторно да бидат забележани, додека во други случаи можно е да дојде распад на кометата. Овие делови понекогаш можат дополнително да се забележат, но се очекува дека кометата повторно нема да биде забележана. Во други случаи, кометата нема да се смета за загубена, сè додека не се појави во предвиденото време. Кометите исто така може да се судрат и со друго тело, како што е кометата Шумејкер-Леви 9, кој се судри со Јупитер во 1994 година.

Повеќе информации Име (Ознака), Првично забележана ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads