Задна Река (Витолиште)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Задна Река или Грмајтеархеолошко наоѓалиште во прилепското село Витолиште. Претставува населба со некропола од доцноантичкото време и некропола од средниот век.

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Опис

Се наоѓа на околу 1,2 км северно од селото, на благи терасести падини од двете страни на коритото на Задна Река. За неа, како археолошко наоѓалиште, има податоци кај повеќе автори од постаро и поново време. Во периодот од 1983 до 1990, од страна на Заводот и Музеј во Прилеп се вршени истражувања при што се пронајдени остатоци од доцноантичка населба со некропола, како и средновековна некропола. Од населбата се откриени темели од ѕидови на поголем станбен објект, ѕидани од камен и кал, со лоша техника на поврзување и големи отстапувања од основниот правец. Објекот бил покриен со дрвена конструкција врз која биле поставени тегули и имбрекси и најверојатно настрадал во пожар. Од доцноантичката некропола се откриени 4 гроба со конструкции од големи лискунови плочи - цисти, и од тегули “на две води“. Според монетите и други наоди населбата и некрополата постоеле од почетокот на II век до првите децении на V век. Подоцна, на просторот од населбата и некрополата била создадена словенска некропола со гробови во редови, која се проширила на двата брега на Задна Река. Со поместувањето на коритото поголем дел од некрополата е уништен. Најзачуани се гробовите на левиот брег на кој се истражени 47 гроба со насоченост исток-запад. Како гробни конструкции се издвојуваат камари од поголеми и помали камења или плочи делумно оградени јами, јами со делумно оградени надолжни страни со штици, и гробови директно вкопани во земјата и без оградување. Гробниот инвентар го сочинуваат предмети што служеле за лично украсување на покојниците, како што се обетки, наушници, прстени од бронза и белезици од бронза и стакло. Некрополата и припаѓала на селска населба чија локација сè уште не е утврдена. Според гробните наоди, таа се развивала во X до XI век, а згаснала на крајот од XII век. Наодите се чуваат во Завод и Музеј во Прилеп.[1]

Remove ads

Поврзано

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads