Заземјување
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Заземјување или земја — израз што има повеќе значења во зависност од специфичните области на примена. Заземјувањето може да биде референтна точка во електрично коло во однос на која се мерат други напони, заеднички повратен пат за електричната струја или директна физичка врска со тлото, за потребите за заштита од удар на молња (громобран) и изедначување на потенцијалите.

Електричните кола можат да бидат споени со земјата од неколку причини. Во куќните инсталации, врската со земјата е од безбедносни причини, за да се спречи појава на опасен напон во случај на дефект на електричната изолација. Врската со земјата помага за ограничување на напонот меѓу електричното коло и земјата, штитејќи ја изолацијата од оштетување заради претеран напон.
Remove ads
Симболи
Некои симболи на заземјување се прикажани на сликите. Точката на нултиот потенцијал на реален уред може но не мора да биде физички поврзана со земјата. Во куќните електрични инсталации, спроводникот на заземјувањето мора да биде физички поврзан со земјата.
- Точка на нултиот потенцијал, електроника.
- Метална шасија (куќиште на уред).
- Заземјување (физичка врска со земјата). Често се користи и за точка на нулти потенцијал во електрониката.
Remove ads
Куќни електрични инсталации
Во куќните инсталации, заземјувањето е жица со електричен спој со земјата. Во случај на дефект, спојот на жицата под напон со заземјената жица ќе резултира со моментално јака струја која го исфрла осигурувачот. Од овие причини заземјувачкиот спроводник се поврзува на металните делови на уредите кои можат да дојдат во допир со луѓето.
Пренос на електрична енергија
Спроводници споени со земјата често се поставуваат над нормалните високонапонски спроводници за пренос на електрична енергија. Нивната намена е да ги штитат нормалните спроводници од удари на молњи (ги примаат ударите на себе) и ги одведуваат тие струи в земја. Бидејќи спроведуваат струја само ретко, често се прават од челик.
Електроника
Терминот земја често се користи за спроводникот на нулти потенцијал и тој е референца за сите напонски мерења. Истиот се смета дека е со потенцијал од 0 V. Ако се каже дека напонот на некоја точка во колото е 5 V, се мисли дека напонот меѓу таа точка и земјата (точката договорно одредена со нулти потенција) е еднаков на 5 V. Спроводникот со нулти потенцијал чест е негативниот вод на напојување на уредите.
Remove ads
Радиокомуникации
Електричниот спој со земјата се користи како референтен потенцијал на радиосигналите кај одредени видови еднополни антени. Делот кој е во контакт со земјата може да биде едноставен, на пример метални прачки или колци набиени в земја.
Ефикасноста на некои видови антени за кратки, средни и долги бранови зависи од доброто заземјување. На пример, вертикалната еднополна антена изискува заземјување кое често се состои од меѓусебно поврзани мрежи на кабли под или над земјата.
Remove ads
Громобран

Громобранот служи за заштита на објектите од удари на молњи. При ударот, дебелиот метален спроводник ја одведува исклучително големата но краткотрајна струја на молњата во земјата, со што ја ограничува штетата на самиот објект.
Поврзано
- Електротехника
- Електроника
- Дистрибуција на електрична енергија
- Радио
- Антена
Литература
- Principles of Electric Circuits, 7th edition, Thomas I. Floyd, Prentice Hall. ISBN 978-0-13-098576-7. pp. 50–51.
- Electrical Machines, Drives, and Power Systems, 4th edition, Theodore Wildi, Prentice-Hall. ISBN 978-0-13-082460-8. pp. 673.
Надворешни врски
![]() |
„Заземјување“ на Ризницата ? |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads