Записи на Езерко Дримски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
„Записи на Езерко Дримски“ — роман на македонскиот писател Владо Малески, издаден 1980 година.
Содржина
Романот „Записи на Езерко Дримски“ претставува нова фаза во творештвото на Владо Малески. Тој со ова свое дело дава увид во мирнодопскиото живеење, во повоеното време од 1945 до 1980 година. Ракописот е составен од три целини во форма на запис. Нараторот е Езерко Дримски, кој во прво лице еднина ги дава случувањата низ негов светоглед, го интензивира дејството и доживувањето на случувањата.
Секој од трите дела: „Поднавален живопис“, „Убиството на сонот и Џон Сајмон“ и „Горе на Водно, долу од Водно“ би можеле да функционираат како засебни дела. Сепак заедно тие го градат ликот на Езерко Дримски, како првоборец, прв директор на радиостаницата во Републиката,прв директор во ИЗИНУРПИ ,народен пратеник и синдикален функционер, и го даваат животот во текот на двеипол децении по војната.
Првиот дел, запис е со дејство од 1945 година, годините на ослободувањето, создавањто на институциите и занесот на почетништвото.Езерко Дримски ги слика динамичноста и убавините на живеењето во слободата.
Вториот дел „Убиството на сонот и Џон Сајмон“ е епизода од прошетката низ Македонија на Џон Сајмон (односно Јонче Симонче)-историчар од Америка, иселеник во Америка и Езерко Дримски, во својство на домаќин со цел да се запознае гостинот со концептот на новата држава, вонблоковски, самоуправна и сл. Тука покрај полемиките кои ги имаат двата главни лика, дадена е и трагиката на ликот на Џон кој покрај сите достигнувања во својот живот ја открива и својата голема тага, која излегува на виделина токму на местото од каде потекнуваат неговите корења, а тоа е дека „да се вратам кон изворот над поножјето...не можам, доцна е, предоцна...“- според зборовите на Џон Сајмон.
Третиот дел „Горе на Водно, долу од Водно“ е сместeн во 1969 година. Претходните два записа имаа главно општествено- политички контекст, додека овој дел има лирски, интровертен набој. Тука Езерко се наоѓа повторно со својот поранешен соборец Петруш Софрониевски и заедно го искачуваат Водно, за во исто време повторно да се поврзат како пријатели, споделувајќи ја семејната трагедија која Петруш ја доживеал.
Remove ads
За делото
Со ова свое дело Владо Малески навлегува во сликање на современоста на повоените години до осумдесетите година од 20 век и дава маестрален прозен резултат, сликајќи ги општествените прилики и давајќи хуманистички приказ на случувањата во тоа време преку својата реалистичност и пластичност.
Триптихонот „Записи на Езерко Дримски“ се одликува со сето она што го карактеризира неговиот стил: „неговата прегнатост, пробивноста како во колективните, така и во индивидуалните психолошки и ментални состојби, широкиот репертоар на изразни решенија, лексичката разгранетост, изработеноста и експресивноста на раскажувачката реченица...меѓутоа во најизразителна, најафирмативна мера она што донесува новава проза, тоа е составката на хуморот во неговиот стил“- пишува Петар Т. Бошковски во својот поговор за романот. [1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads