Захарија (свештеник)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свештеникот Захарија (од племето на Арон), се спомнува и како Захариј — татко на Јован Крстител и сопруг на Праведната Елисавета. Тој е син на Варахија, спомнат во Матеј 23:35. Во времето на царот Ирод, првосвештеникот Захарија служел во Ерусалимскиот храм. Според преданието, пред олтарот му се јавил архангел Гаврил и му објавил дека Елисавета ќе роди син. Захарија се сомневал во неговите зборови, бидејќи и тој и неговата жена биле стари. Захарија тогаш наводно останал без зборови од шокот. Зборувал одвај кога на денот на обрежувањето на детето напишал на штицата: „Јован му е името“ (Лк. 1:63). Подоцна, кога Ирод почнал да убива деца во и околу Витлеем, испратил луѓе да го убијат и синот на Захарија — Јован. Елисавета побегнала со детето, а војниците го убиле Захарија пред олтарот.[2]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads