Здравје

From Wikipedia, the free encyclopedia

Здравје
Remove ads

Здравје е состојба на целосна физичка, психичка и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест или на телесни недостатоци. Оваа дефиниција е дадена од Светската здравствена организација (СЗО) и го опишува човековото здравје во неговата сеопфатна смисла.[1][2] Иако оваа дефиниција била тема на многу контроверзности, главно заради недостатокот на практични вредности и проблемот создаден со употребата на зборот „целосна“, таа останува до сега како најистрајна.[3][4] Постојат и бројни други дефиниции за здравјето: во поопшта смисла, здравјето претставува ниво на функционална или метаболна ефикасност на еден жив организам; кај луѓето, здравјето е општата состојба на човековото тело, ум и дух, обично значејќи отсуство на болест, повреда или болка (да се биде „здрав“).[5]

Холандската Јавна Здравствена Служба ја снабдува медицинската нега за домородците од Холандските Источни Индии, мај 1946

Неколку класификациони системи, каков што е семејството на меѓународни класификации на СЗО, во кое спаѓаат Меѓународната статистичка класификација на болестите и сродните здравствени проблеми (МКБ) и Меѓународната класификација на функционирање, инвалидитет и здравје (МКФ), се често користени да се дефинираат и мерат компонентите на здравјето.

Remove ads

Здравјето како тема во уметноста

  • „Лажливото здравје“ - македонска народна приказна.[6]
  • „Химна на здравјето“ (Гимн здоровью) - песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1915 година.[7]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads