Земја (песна)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Земјапесна напишана од македонскиот поет Никола Вапцаров. Песната е дел од збирката песни „Моторни песни“. Оваа стихозбирка е составена од два циклуси на песни, од кои првиот циклус на песни се под наслов „Песни за татковината“, а додека вториот циклус песни се под наслов „Песна за човекот“. Песната „Земја“ е дел од првиот циклус песни, заедно со уште и другата многу позната песна на Вапцаров- „Илинденска“.[1]

Според македонските научници[2][3] во оваа песна Вапцаров најотворено ја изразува својата национална припадност и својата татковина Македонија. Во песната дава поетска слика за делови од својата татковина потенцирајќи ги Пирин, Охрид и Егеј. И покрај фактот што живее во Бугарија, во песната го изразува чувството дека Бугарија не можел да ја чувствува за своја татковина.[4][5]

Во Бугарија, се смета дека во песната Вапцаров не искажувал политички или етнички ставови и дека ако некој го смета сопротивното значи дека или Вапцаров кривo се изразил или дека кривo го разбрал.[6][7]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads