Земјени знаци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Во астрологијата постои поделба на знаците според четирите елементи: оган, земја, воздух и вода. Земјените знаци се сметаат за знаци со приземна енергија. Земјата е цврст елемент, материја што може да се фати, за разлика од огнот, воздухот или водата. Земјата е отпорна на огнот, воздухот не ја придвижува, но затоа водата може да ја натопи.


Сите земјени знаци ги ценат нештата со смисла, го ценат видливото, материјалното, она што може да се допре, да се види, да се чуе или да се вкуси.
Земјените знаци се асоцијација и на сите манифестации на земјата: поле или нива (Бикот), плажа или брег (Девицата), и планина или карпи (Јарецот). Тие стојат цврсто на земја, практични се и конструктивни.
Remove ads
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads