Земјотрес во Јушу (2010)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Земјотресот во Јушу се случил на 14 април 2010 година. Според Рихтеровата скала, јачината на земјотресот била 6,9[1][2] или 7.1 [3].Земјотресот се случил во Јушу, во кинеската провинција Чингаи, северозападно од Пекинг, Кина. Замјата започнала да се тресе во 7,49 часот по месно време.[4] Американскиот геолошки институт потврдил дека половина час по првиот земјотрес следеле уште два послаби со магнитуда од 5.2 и 5.3 степени по Рихтер. Кинескиот центар за земјотреси потврдил дека во Јушу на Тибет, каде живеат околу сто илјади луѓе, имало многу уништени објекти.
Според кинеската новинска агенција Ксинхуа, околу 2,183 луѓе загинале, а 12,135 биле повредени, 84 исчезнати.[3][5] Епицентарот бил сместен во селото Рима ((日瑪村),)[6][7] во близина на границата со Тибет. Епицентарот се наоѓа на околу 30 километри од Гиегу, седиштето на покраината,[8] и на околу 240 километри од Камдо.[9]
Според последните информации (14 април), од земјотресот се урнати над 85% од куќите во близина на епицентарот. Повеќе од 5.000 припадници на армијата им се придружиле на спасувачките екипи во обид да им помогнат на настраданите жители.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads