Златна церемонијална кочија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Златната церемонијална кочија (англ. Gold State Coach) била изработена во 1762 и служи при крунисување на британскиот монарх од Џорџ IV па сѐ до денес. Кочијата тежи 4 тона, долга е 8 м, а висока е 4 м. Се одликува со позлата и има панели насликани од Џовани Кипријани, како и богати позлатени скуптури, меѓу кои на три херувини на покривот и четири тритони, по еден на секој агол. Каросеријата на кочијата е прицврстена со ремени прекриени со мароканска кожа и украсени со позлатени токи. Златната церемонијална кочија ја влечат 8 коња со црвени марокански запреги. Првобитно кочијата била возена од кочијаш, но денес коњите ги водат јавачи, одејќи крај нив.
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Remove ads
Поврзано
- Ирска церемонијална кочија
- Шкотска церемонијална кочија
- Кралски коњушарници (Британија)
Надворешни врски
- Опис на Златната церемонијална кочија на СиЕнЕн Архивирано на 22 септември 2006 г. (англиски)
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
