Знаме на Албанија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Националното знаме на Албанија е црвено знаме со црн двоглав орел во центарот. Тоа е единственото црвено-црно знаме од сите меѓународно признати држави. Се тврди дека потекнува од сличен грб што го користел Ѓорѓија Кастриот - Скендербег. Денешното албанско знаме било усвоено на 7 април 1992 година, а додека претходните знамиња на социјалистичка Албанија и Кралство Албанија биле сосема слично со мали детали што биле додавани.[1]
Remove ads
Двоглавиот орел
Во Албанија општо прифатена теза е дека знамето на Албанија, поточно двоглавиот орел е позајмен од печатот на Скендербег. Скендербег, поточно семејството Кастриоти, користеле двоглав црн орел со по една круна над секоја глава. Орелот е византиски, поточно орелот го користела византиската династија Палеолози.[2][3] Од страна на модерната албанска нација, орелот почнал да се употребува во доцниот 19 век и раниот 20 век. Како официјален симбол на Албанија за првпат бил употребен во 1912 година, кога Албанија станала независна.
Remove ads
Историски знамиња
- Двоглавиот орел на Палеолозите.
- Грб на семејството Кастриоти.
- Знаме на Албанија од 1920 до 1926
Знаме на Албанија за време на контрола од Германија 1943 до1944, и Народна Република Албанија од 1944 до 1946
Знаме на Народна Република Албанија од 1946 до 1976, Социјалистичка Народна Република Албанија од 1976 до 1992
Remove ads
Поврзано
- Грб на Византија
- Грб на Албанија
- Албанија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads